Лазаров и Карабатиќ за нова победа на Барса против Натурхаус

Барселона - Натурхаус Ла Роха 38:28 (19:13)
По четврт пат во сезоната се сретнаа Барселона и Натурхаус Ла Роха и пак епилогот беше ист. Многу поквалитетна екипа од Каталонија пак стигна до победа без многу мака и ја продолжи низата од успеси во домашното првенство. Елерт и Хуанин Гарсија го отворија мечот со водство на гостите од Логроњес со 0:2. Но лидерот брзо реагираше и Гурбиндо и Сармиенто израмнија, а Лазаров со два гола во 8 минута донесе комотни 6:2 за Барселона.
Се разигра и Карабатиќ и по неговите два гола, погоди и Лазаров од седум метри за 10:6 на половина полувреме. Алварез и Хуанин Гарсија по подолго време постигнаа два неодговорени гола за Натурхаус Ла Роха. Мрежата на Хорхе Гомез Лите немилосрдно се тресеше и во серија на голови во 20 минута Барса водеше со 15:7. Против својата бивша екипа, Алберт Рокас рализираше од контранапад, па Стенмалм низ одбраната го совлада Гонзало за 16:10. Во првиот дел недостигаа головите на Сигурдсон, па брзото исландско крило погоди на два пати во финишот на првиот дел (18:11). Убедливиот прв дел екипата на Пасквал го заврши со гол на Нодесбо за 19:13. Агинагалде заста на голот на гостите на почетокот од вториот дел, но домашната офанзицна артилерија ја „решеташе„ и неговата мрежа. Лазаров го постигна 20 домашен гол, а црвено-бели возвратија преку Гарсија Рубио (20:15).
Во најпозитивните пет минути на гостите, Гарабаја и Рокас во 37 минута намалија на 20:17. Тоа беше дополнителна мотивација за момците на Пасквал да „нагазат„. Пак Лазаров беше клучна фигура со два нови гола преку противничкиот блок, а и Карабатиќ погоди од полуконтранапад за 25:17 во 41 минута. На бранот на гостите одговори Карабатиќ со нов гол од транзиција за 27:19 во 47 минута. Мечот практично беше симултанка на тандемот Лазаров - Карабатиќ против Натурхаус Ла Роха, кој и покрај позитивните моменти, не можеше да избегне убедлив пораз. Француската суперзвезда го постигна својто шести гол за 30:21 на 10 минути до крајот на средбата. Дилеми околу победникот немаше, само прашање беше колкава ќе биде финалната разлика. Нодесбо и Лазаров постигна два слични гола за 35:24 на 5 минути до крајот. По забавен меч на крајот победа на Барселона со 38:28 и 24 победа од исто толку домашни мечеви оваа сезона. Во победничката екипа најефикасни беа Лазаров си 8 и Карабатиќ со 7 гола. Нодесбо постигна 6, а Сармиенто 4 гола. Одличен меѓу стативите беше и Гонзало со 15 одбрани. Кај Натурхаус Ла Роха се истакнаа Стелманм со 6 и Гарсија Рубио со 4 гола, а голманите вкупно имаа 11 одбрани.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




