ВИДЕО: Илиќ: „Киро нека биде најдобар стрелец, само јас да бидам европски првак„

Минатогодишниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите, србинот Момир Илиќ заедно со нашиот Кирил Лазаров е на врвот на листата на стрелците и оваа сезона. Но левиот бек на Веспрем би менувал се што може и би ги дал сите инвидуални награди за да ја освои Лигата на шампионите во Келн. Тој ги издвои германскиот и шпанскиот шампион како единствени фаворити од осумте преостанати најдобри екипи на континентот.
„Зборувавме и пред почетокот на сезоната и во групната фаза зборувавме за тоа кои се фаворитите. Гледате колку е сега јака СЕХА лигата, па три екипи од оваа лига имаат место во четвртфиналето. Јас ништо не би гарантирал во четвртфиналето, не би гарантирал пласман во Келн никому. Можеби најголема гаранција се две екипи, Кил и Барселона. Ова останатото е неизвесно. Јас на Киро му посакувам да биде најдобар стрелец, а јас да ја освојам Лигата на шампионите„ порача Момир Илиќ. Лазаров два пати, а Илиќ еднаш беше „крал на стрелците„ во најсилниот европски Куп.




