hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Прв дуел Јоноски против Лазаров, Барса во полуфиналето на Купот

kire-lazarov vs la rioja

Куп на шпанскиот Крал - (четвртфинале) - втор натпревар
Натурхаус Ла Роха - Барселона 29:35 (14:18)

По убедливата победа во Логроњо, првакот и победникот на националниот Куп минатата сезона, Барселона без никакви проблеми го елиминира Натурхаус Ла Роха и обезбеди нов Final four, овој пат во Купот на Кралот. Овој меч беше и прв меѓусебен дуел на Ацо Јоноски против Кирил Лазаров во шпанската лига. Виктор, Сорондо и Рутенка брзо постигнаа три гола и фаворитот поведе со 0:3.

Стелман и Хименез Риера возвратија со голови од бековските позиции и домаќинот намали на 4:5. Се разигра Лазаров и погоди два пати за 6:9 во 17 минута. Од тој момент, до одморот, момците на Пасквал не ја испуштија предноста. Шариќ беше се подобар на голот, погоди и Карабатиќ и на 10 минути до крајот на првиот дел, Барселона поведе со 9:12. Родригез Алварез и најдобриот меѓу бело-црвените Хименез Реина, намалија на 12:14. Но Карабатиќ со два гола од контранапад и Сармиенто со гол во последната минута, на фаворитот му донесе 14:18 на полувреме. Вториот дел започна со головите на Алварез и Фернандез Перез за 18:20 во 38 минута. Со таа инерција од 3-4 гола предност за Барселона, мечот влезе во централната фаза на вториот дел. Виктор Виго погоди за 23:28, но брзо возврати Кирил Лазаров со неговиот четврт гол за +6, точно во 45 минута.

kiro i aco

Нодесбо во 37 минута го постигна 30 гол за фаворитот и пак мирисаше на победа со постигнати преку 40 гола. Шариќ дојде до 15 одбрани, а при 24:31, гостите се опуштија и со серија 3:0 со головите на Герпе и Рокас, Натурхаус Ла Роха намали на -3. Лазаров погоди преку блокот за својот петти гол и на 4 минути до крајот, Барса имаше комотни 28:33. До крајот серија на грешки и финални 29:35 за Барселона, која со две победи без никаков проблем обезбеди уште едно полуфинале. Никола Карабатиќ со 8 гола од исто толку обиди беше најдобар стрелец и поединец во мечот. Лазаров беше автор на 5 гола, Сорондо додаде уште 4, а Даниел Шариќ собра 16 интервенции. Кај Натурхаус Ла Роха, Јоноски играше само во одбраната, Хименез Реина и Фернандез Перез постигнаа по 5 гола, а Хорхе Гомез Лите на голот имаше одличен настап со 20 одбрани. Вечерва ќе бидат познати останатите полуфиналисти на Купот, а подоцна овој месец ќе се знаат и полуфиналните парови и местото на одржување на Final four турнирот. Овие две екипи се среќаваат в сабота, но во „Палау Блауграна„ во рамките на ASOBAL лигата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share