hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Ј. Валчиќ: „Вујовиќ ни всади нова енергија и снага„

 NT18907 original

По децении ривалство и неколку години во кои не се сретнале во најсилниот Куп, Барселона и Загреб сега повторно имаат двомеч кој ќе остане во историјата. Сега влогот е полуфинале на Лигата на шампионите, а и покрај улогата на аутсајдер, од ППД Загреб веруваат дека и големата Барса мора да се „испоти„ да ги елиминира. Плејмејкерот Јосип Валчиќ не штедеше комплименти за противникот, но го потенцираше и Вујовиќ како нивни адут во четвртфиналето:

„Барселона е екипа од ТОП 4. Ќе биде тешко, но никому оваа сезона не му се предадовме во нашата арена, па мислам дека и против Барселона нема да ги „турнеме гаќите„ туку ќе му покажеме „заби„. Ќе видат еден млад и борбен Загреб и ќе видиме што ќе се случи во тие два натпревари, се е отворено„ вели средниот бек на ППД Загреб. Тој не крие дека од доаѓањето на новиот тренер, екипата се трансформира и ќе расте и во иднина: „Вујовиќ е посебен тренер, посебен човек, кој ги всади неверојатна енергија и снага и тоа се гледа. Многу напредувавме, тој извлече многу од оваа екипа и мислам дека ова не е крајот, можеме да одиме уште погоре„ заклучи Валчиќ. Првиот меч ППД Загреб го игра како домаќин против Барселона на 9 април, а седум дена подоцна се игра реванш мечот во „Палау Блауграна„ во Каталонија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share