hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Добредојде во Загреб за Кирил Лазаров од неговиот бивш клуб

kire19

Хрватскиот ракометен првак Загреб на 9 април ќе ја пречека Барселона во рамките на првиот четвртфинален натпревар од ЛИгата на шампионите, а по тој повод Фејсбук страницата на клубот од Хрватска посака посебно добредојде до еден ракометар, Кирил Лазаров. Лазаров два пати го носеше дресот на Загреб, а овој месец ќе се врати во градот каде што помина многу убави моменти и во кој освои дури 7 шампионски титули.

„Еден од играчите на Барселона е пред враќање во Арената Загреб. Иако во спротивен дрес, најмногу се радуваме на враќањето на Кире Лазаров, некогашниот наш играч. Единствениот и неповторливиот Кирил Лазаров. Се гледаме во Загреб„ стоеше на профилот под фотографијата од нашиот капитен облечен во дресот на Загреб.

Share