hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Сарачевиќ: „На Веспрем му се „тресеа гаќите„, со Барса ако не можеме оваа, тогаш другата година„

saracevic 6

Златан Сарачевиќ е еден од оние ракометни луѓе кои долго е во хрватскиот ракомет и во ППД Загреб, па може да ја забележи разликата во тимот со доаѓањето на Веселин Вујовиќ: „Одбраната е агресивна и цврста. Тоа е она на што Вујовиќ инсистираше од првиот ден од како дојде. Но тој им даде верба дека можат да играат со секого. Не се предаваме никогаш. Против Веспрем губевме 4 разлика и видовте немаше никаква паника. На крајот малку ги стегнавме, мислам дека малку „им се тресеа гаќите„. Мислам дека ќе дојде нашето време, сега видливо напредуваме. Сега сме екипа која не може никој да ја победи во Загреб, дома станавме жестоки, но имаме уште многу да работиме. Вујовиќ не сака да губи, но сега треба да одиме чекор подалеку.

Тоа е да почнеме да победуваме во гости, посебно тешките, големи мечеви„ потенцираше Сарачевиќ. Легендарниот десен бек се осврна и на мечот со Барселона, кој следи во средината на април: „Почитуваме секого, но ќе играме со секого. Немаме императив дека мора да ја победиме Барса. Можеби ќе ни биде потешко, кога ќе мораме некого да победиме. Така ќе биде и против Барса. Нека дојдат, па да видиме што ќе биде. Нешто ќе измислиме. Уште никој не не растурил, ни Кил, ни ПСЖ, ни Веспрем, ни Вардар. Ако можеме, тогаш е добро, акок не можеме, ќе ги победиме идната година„ беше искрен и симпатичен Сарачевиќ. ППД Загреб првиот меч ќе го игра на 11 април во Хрватска, а возвратниот 7-8 дена подоцна во „Палау Блауграна„.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share