Лазаров се врати со 5 гола, нова убедлива победа за Барса

Барселона - Бенидорм 41:25 (19:15)
23 коло од ASOBAL лигата почна со нова лесна и убедлива победа на првакот Барселона и тоа против екипата на Бенидорм, која силно ги намачи каталонците во првиот дел од сезоната. Гостите добро го почнаа мечот и со головите на Перез и Квартеро Санчез поведоа со 0:2. Но парираа до 6:6 во 11 минута и потоа полека се загреа каталонската машина. Томас, Гурбиндо и Сорондо постигнаа пет неодговорени гола во интервал од 3 минути и гостинската клупа побара тајм-аут при 11:6. Шариќ и одбраната почнаа да функционираат и Бенидорм даде гол само во еден напад од десет последователни во централниот дел од полувремето.
Така и Сигурдсон влезе во елемент и со два брзи гола од контранапади, тимот на Пасквал зголеми на 17:12. Во втората половина на полувремето во игра влезе Лазаров, кој превентивно го пропушти мечот во вторникот со Хуеска. Токму на неговото додавање, Гурбундо го постигна својот трет гол во мечот, за 18:12 во 25 минута. Бенидорм одговори и ги доби последните 5 минути од првиот дел. Хименез и Перес ги доближија гостите до 18:15, пред Лазаров да го постигне својот прв гол за 19:15 на полувреме. Со гол на македонецот започна и второто полувреме за најстандардните +5 за екипата на Барселона. Се играше конфузен период со многу обострани грешки меѓу 30 и 40 минута и Сигурдсон погоди од крилна позиција за 24:17 во 39 минута. Гонзало застана на голот, Гурбиндо продолжи да погодува и каталонците дојдоа до голот број 30, точно на средина од вториот дел.
Кога Томас погоди за 30:21, следуваше нов тајм-аут за Бенидорм. Следуваа два гола преку блокот на Лазаров за 32:23. Победникот беше решен и до крајот Пасквал му даде шанса на сите ракометари. Финални 41:25 и нова победа со преку 40 гола за Лазаров и соиграчите. 23 меч и 23 победа за Барселона, која многу мал број на екипи оваа сезона ја задржаа на едноцифрен пораз. Во победничката екипа, Томас беше стрелец на 5 гола без промашување, по 5 дадоа Лазаров и Сигурдсон, 4 гола на Рутенка, а голманите Шариќ и Гонзало имаа 5 односно 7 интервенции. Кај Бенидорм, по 6 гола постигнаа Хименез и Симон, а Чикој и Бриос на голот заедно собраа 11 интервенции. Барселона влегува во подготовка за четвртфиналето на Лигата на шампионите со ППД Загреб, а в среда во Логроњо ги очекува возвратниот меч од четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал, меч кој треба и математички да потврди уште еден Final four за Барселона.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




