hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „Кампот е моја најдобра инвестиција„

mkd-tunis2-624x415

Ова лето за прв пат во Охрид ќе се одржи ракометниот камп на најдобриот Македонски ракометар, Кирил Лазаров. Самиот ракометар кој долго размислувал на оваа тема, го потенцираше кампот како најдобар негов потег во областа на спортот:

„Овој камп ќе биде несомнено мојата најдобра спортска инвестиција. Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење и искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата Македонија. Зошто ракометен камп? Затоа што на младите ракометари, а и оние кои сѐ уште не се гледаат во него им треба надоградба, квалитетно школување, спортска култура, начин на исхрана, спортска психологија, квалитетен тренинг, а сѐ со цел да прераснат во врвни ракометари кои во иднина со гордост ќе го носат дресот со националните обележја. Покрај спортските тренинзи, на кампот ќе има многу дружење и забава. Ќе се потрудам во Охрид да ги донесам најдобрите и најголемите ракометни имиња кои им се идоли, но и од кои нашите момчиња и девојчиња ќе имаат што да научат" истакна Лазаров по обелоденувањето на првиот негов ракометен камп.

Share