hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Против Хуеска, Пасквал ќе мора без Лазаров и Арињо

paski i lazarov

Барселона вечерва во рамките на 22 коло од ASOBAL лигата ќе игра против Хуеска. По двете победи против Алборг и дознавањето на четвртфиналниот ривал, момците на Пасквал ќе мора да се насочат кон победите и рекордите во домашното првенство. Сепак на овој меч ќе настапт без двајца свои ракометари.

„Аитор Арињо и Кирил Лазаров заработија повреди и нема да можат да играат против Хуеска. Лазаров би требало да биде во комбинација за настап веќе следниот викенд и превентивно одмора, додека повредата на Арињо е нешто посериозна, па тој ќе мора да паузира најмалку три седмици" стои во соопштението на клубот. На Барселона му недостигаат уште неколку победи и математички да ја освои титулата во домашното првенство.

Share