
Денес во Виена беа извлечени паровите за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова е предпоследна ждрепка и последен филтер пред Final four турнирот во „Ланксес арената„ во Келн на крајот од мај. Кирил Лазаров и Барселона за противник го добија хрватскиот првак и двократниот европски шампион ППД Загреб. За оваа екипа во два наврати играше и Кирил Лазаров, така да тоа ќе биде негово соочување со минатото. Првиот меч се игра во „Ледената дворана„ во Загреб, а реваншот во „Палау Блауграна„
ППД Загреб - Барселона
Вардар - Киелце
ПСЖ – Веспрем
ПИК Сегедин – Кил
Првите мечеви се играат на 8-12 април, а возвратните на 15-19 април.