
Барселона за пласман во Келн на крајот од месец мај ќе мора во двомеч од четвртфиналето да биде поуспешна од еден од следните четири противници: Вардар, ПСЖ, ППД Загреб или ПИК Сегедин. По диригираната ждрепка, еден од овие четири тима ќе му биде ривал на Лазаров и другарите. Првите мечеви се играат на теренот на екипата од вториот шешир од 8 до 12 април, а возвратниот меч во „Палау Блауграна„ во периодот од 15 до 19 април.
Прв шешир: Барселона, Кил, Киелце, Веспрем
Втор шешир: ПСЖ, ПИК Сегедин, Вардар, ППД Загреб