hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Втор пат победен Алборг и правец - четвртфинале

sigurdson 54

Барселона - Алборг 29:22 (14:9)

Барселона повторено обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите, како скоро и во секоја сезона години наназад и пак тоа го направи со две победи, како и во последните три сезони. Не беше лесно да се мотивираат ракометарите по победата од 20 разлика во Данска, но Пасквал наметна меч во кој каталонците ќе доминираат и водат во текот на сите 60 минути.

Дури и претседателот на спортското друштво Хозе Мариа Бартоломеу не сакаше да пропушти ниту дел од мечот и покрај тоа што по овој меч следеше фудбалското „Ел Класико„. Мечот започна нервозно, со многу грешки и по 7 минути игра резултатот гласеше 3:1. На половина полувреме при 5:4 за домашната екипа, исклучувањето на Николај Педерсен му дозволи на фаворитот да се одлепи. Томас и Рутенка постигнаа три неодговорени гола и Барса побегна на 8:4. До одморот одбраната пак ја направи разликата, а Сигурдсон постигна неколку гола за 14:9 на одморот. Благодарение на Рутенка и неговите два врзани гола во 37 минута, Барселона стигна до највисоките +9. Мечот влезе во фаза на обострани голови, а данците намалија на -6 со головите на Бергрен и Кристијан Јенсен.

Со чиста рутина во последните 12-13 минути Барса го доби мечот со 29:22 и обезбеди четвртфинале. Сите момци на Пасквал ја завршија работата и скоро сите постигнаа голови. Најефикасни кај Барса беа Сигурдсон со 6, Рутенка и Томас со по 5 гола, а Жалуз даде 3. Кирил Лазаров постигна 1 гол, но остана на врвот на листата на стрелците. Кај Алборг Бергрен постигна 5, а Ларсен и Сагосен по 3 гола. И натаму со одличен скор од 10 победи од 12 одиграни официјални мечеви, Барса влезе во четвртфиналето и во вторник од 11:30 од Виена ќе го дознае четвртфиналниот противник на мечевите кои ќе се играат во средината на април.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share