
Кирил Лазаров и натаму е прв на листата на стрелци во Лигата на шампиони по првите мечеви од осминафиналето. Тој има 84 гола, пред Илиќ од Веспрем кој е втор со 76 и Дибиров од Вардар на третото место со 74 гола. Лазаров кој два пати беше крал на стрелците во најсилниот европски Куп игра фантастична сезона и веројатно со клубските амбиции, се назираат и неговите инвидуални награди.
Барселона по победата од 11:31 на гости кај Алборг, е веќе во четвртфиналето и на само еден чекор од Келн и учество на Final four на крајот на мај оваа година.