
По светското првенство во Катар, ракометна еуфорија ја зафати целата наша земја. И натаму се коментира, анализира направеното во Катар, а најмладите се повеќе се насочуваат кон оваа игра. Така во родниот град на Кирил Лазаров, Свети Николе близу 70 деца започнаа да ги откриваат тајните на ракометната игра.

Тие ги направија првите тренинзи и со ентузијазмот кој владее во едно мало место како Свети Николе, можат само да напредуваат. Тоа треба да радува и да ја потврди нашата нација како ракометна. Примерот на Свети Николе треба да го следат и останатите македонски места, како би имале подобра ракометна иднина.