
Швајцарската ракометна федерација го одреди Сент Гален за домаќин на претпоследниот меч од квалификациите за европското првенство во Полска наредната година, помеѓу Швајцарија и Македонија. Мечот ќе се игра на 10 јуни од 20:00 часот. Во „Кројблајхе арена„ ретко играат швајцарските црвено-бели, но сега во салата со капацитет од 4.000 гледачи ќе се обидат да му ги помрсат сметките на македонските ракометари.
Претходниот меч во Швајцарија, Лазаров и другарите го играа во Цирих на 12 јуни минатата година и славеа со 22:27 . Последниот шести квалификационен меч, црвено-жолтите го играат на 13 јуни во Скопје против Чешка.