
По потпишувањето на новиот двегодишен договор со Барселона, најдобриот стрелец по пролетните натпревари во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров за официјалната телевизија на клубот, БАРСА ТВ изјави:
„Среќен сум, одсекогаш Барса беше мојот прв избор. Од мали нозе сонував да играм за овој клуб. Задоволен сум. Сакам да му се заблагодарам на клубот, стручниот штаб и соиграчите и се надевам дека заеднички ќе ги оствариме зацртаните цели„ рече Лазаров.
Со овој договор тој ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостига меѓу 42 освоени во кариерата - трофејот од Лигата на шампионите. Наредната шанса ќе ја има веќе на крајот на мај оваа година во Келн.