Лазаров ја мина границата од 1200 гола

Со шесте гола на турнирскит меч со Алжир, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров ја мина границата од 1200 гола во 160 мечеви за националната репрезентација. Сега има 1203 гола што во просек значи дека постигнувал по 7,5 гола по натпревар. Лазаров за репрезентацијата дебитираше на 23 септември 1998 година на квалификациониот меч со Белгија. 1000 гол ракометарот на Барселона го постигна во нашиот пораз од Португалија во квалификациите за европското првенство во Данска, а сега брзо стигна и до бројката 1200 постигнати гола.
Капитенот многу ретко пропуштал мечеви за својата репрезентација и во последните две години ги пропушти само мечевите со Шпанија во квалификациите и Унгарија и Шпанија на европското првенство, заради повреда. Рекордите на Лазаров во националната репрезентација се предодредени да растат.




