Како и секоја година воочи Божик и Нова година, сите секции на Барселона се дел од промотивни видео клипови кои треба да пратат честитка за сите навивачи на големото семејство Барселона. Македонскиот репрезентативен капитен во друштво на Сигурдсон, Жалуз и Виран Морос се дел од приказната во која каталонецот Виран Морос им објаснува на тројцата странци какви се божиќните обичаи во Каталонија.
Видео материјалот наидува на одобрување меѓу ракометните фанови на шпанскиот првак Барселона.