hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров прв стрелец во Лигата на шампионите оваа есен

kire-lazarov-4-624x351

Без разлика што Барселона го загуби последниот осми натпревар од овогодинешната Лига на шампиони, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров зад себе остави одлична европска есен. Со 64 гола на 8 натпревари тој е убедливо прв на листата на стрелците, а имаше и неколку вонсериски партии со двоцифрен број на голови. Иако веќе беше крал на стрелците во Лигата на шампионите и во дресот на Веспрем и во дресот на Загреб Кроација Осигурање, Лазаров не се оптоварува со голгетерското место оваа сезона.

Пролетните натпревари продолжуваат на 11 фебруари со директниот дуел за првото место во групата помеѓу Барселона и Колдинг.

1. Кирил Лазаров (Барселона)                        64
2. Момир Илиќ (Веспрем)                               58
3. Александер Деревен (Чеховски медведи)   56
4. Драган Гајиќ (Монпеље)                              53
5. Миха Зарабец (Целје Пивоварна Лашко)     42

Share