hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Со својата „артилерија„ Барса до нова победа со над 40 постигнати гола

HLwmr

Гвадалахара - Барселона 31:41 (20:21)

Иако мораа малку повеќе да се испотат, ракометарите на Барселона успеаа да ја продолжат позитивната серија во ASOBAL лигата. На гостувањето кај Гвадалахара, Лазаров и другарите дојдоа до нови бодови. Домаќините почнаа одлично и со головите на Лопез Реј парираа до 4:4 во 6 минута. Лазаров веднаш погоди, а домаќините имаа водство се до 12 минута, кога Валур Сигурдсон од контранапад погоди за 8:9. Едуардо Реиг Гуљен точно на половина од првиот дел ја врати предноста на домаќините (11:10).

На голот на Лазаров се приклучи и Никола Карабатиќ и со два гола на французинот, Барса израмни на 14:14 во 19 минута. Алмеида на голот на Гвадалахара беше многу поуспешен од неговиот колега Шариќ, а во последните минути од првиот дел во игра гол за гол, ниту една екипа не се наметна над другата. Фуертес во последната минута ги доведе домаќините до 20:20, а Сорондо на три секунди до звукот на сирената ја врати предноста на гостите 20:21. Одлучувачкото одлепување гостите го направија како и најчесто на почетокот на второто полувреме. Два пати погоди Раул Ентрериос, еднаш Карабатиќ и веќе во 35 минута, Барса имаше 20:24. Во 38 минута домашната клупа побара тајм-аут, откако Јаспер Нодесбо погоди од контранапад за +5 за каталонците.

Раул Ентрериос ја потврди својата одлична вечер со уште еден убав гол за 24:30, а Лазаров со петтиот гол ја направи предноста веќе недостижна (25:32). Маркез Колома со удар низ одбраната ублажи на 27:33, но првакот веќе беше во ритам. Брзо до петтиот гол дојде и Карабатиќ и предноста на фаворитот достигна највисоки +8 (28:36). Влегувањето на Сергеј Рутенка го донесе и неговиот петти гол и во 54 минута, извесно беше дека бодовите патуваат за Барселона (30:38). Белорусинот истрча контра и го постигна и 40 гол на својата екипа, со што шампионот од претходните три сезони, стигна до својот вообичаен просек. На крајот 31:41 за момците на Пасквал во меч во кој „артилеријата„ на фаворитот беше премногу за домашната Гвадалахара. Во победничката екипа најефикасни беа Раул Ентрериос и Рутенка со по 6 гола, Лазаров и Карабатиќ додадоа по 5, а голманите на Барса беа скромни и заедно Гонзало и Шариќ собраа 12 интервенции. Фабио Роча Чуфа со 6 гола се истакна кај Гвадалахара, а Мојано Ајала и Руис погодија по 5 пати. Нова вообичаена победа за Барселона, доближување до рекордот од 49 врзани победи и добар тест пред патувањето за Полска овој викенд.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share