hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Застрашувачката форма на Лазаров го „голтна„ и Алингсас

lazarov so alingsas

Барселона - Алингсас 42:29 (18:17)

Гостувањето на шведскиот првак Алингсас солидно ја пополни „Палау Блауграна„ во последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите во Каталонија оваа година. Изедначено започна мечот и во првите 3 минути двете екипи погодија по два пати, а Лазаров реализира и седмерец. Гонзало како и на претходните средби бранеше одлично, а Сармиенто во 7 минута постигна гол од тешка позиција за 3:2. Теландер најдобро парираше меѓу гостинските ракометари, а Сорондо и Рутенка за прв пат им донесоа +2 на екипата водена од Пасквал.

Во 13 минута Макс Дар погодува од контранапад за прво водство на Алингсас (6:7). Кога Енстром на ист таков начин зголеми на 6:8, домашниот стручен штаб побара минута одмор. Големиот број технички грешки му понуди можност на Нилсен за +3 за скандинавците во 15 минута. Рутенка и Гурбиндо ублажија, но шпанскиот првак никако не можеше да фати ритам против брзата гостинска екипа. Лазаров му подготви убава позиција на Едуардо Гурбиндо, од крилна позиција го постигна својот трет гол за 11:11. Брзо се разигра и Барса со влегувањето на Лазаров и со серија 4:0, поведе со 13:11 во 20 минута. По исклучувањето на Карабатиќ, со човек помалку ефектно погоди Лазаров за 15:13 во 23 минута. Рутенка со својот петти гол предноста ја зголеми на 3 гола и кризата за Барса беше минато.

Со цел свој репертоар Лазаров го потврди својот добар момент на форма и погоди по петти пат за 18:15 во 28 минута. Даниел Теландер со два гола во последната минута за Алингсас, на одмор својот тим гоостави до -1 (18:17). На почетокот на вториот дел Шариќ застана меѓу стативите, а Сигурдсон и Лазаров во 30 секунди постигнаа два гола за 20:18 за Барселона. Шариќ собра 4 интервенции за само 6 минути, а Рутенка од седум метри со својот 7 гола ги врати најчестите +3 за домашната екипа (23:20). Од цврстата одбрана поаѓаа многу брзи и комбинаторни контранапади по кои Сорондо и Ентрериос реализираа за +4 и +5 за Барселона.

Тогаш играта на Барса стана побрза и разгоропадениот домаќин до врв ја наполни мрежата на шведскиот шампион. На половина од вториот дел Ентрериос погоди за 29:23 за забревтаниот домаќин. Предноста брзо достагна двоцифрени 37:27 во 55 минута. Пак најрасположен беше Лазаров кој си поигруваше со скандинавците и на поставена одбрана и низ транциција. На крајот високи 42:29 и показател дека Барса и кога не игра со максимум од силите победува и тоа двоцифрено. Кирил Лазаров со 12 гола ја потврди својата форма и веројатно заслужи место во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите. Многу веројатно сега нашиот интернационалец ќе избие на првото место на листата на стрелците. Одличен меч и на Рутенка и на кружните напаѓачи. Овие 42 постигнати гола се најдобар офанзивен резултат на Барселона во Лигата на шампионите оваа сезона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share