hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров изби на второто место на листата на стрелците

lazarov vs flensburg 3

Со 19 гола во двата натпревари со Фленсбург, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров изби на второто место на листата на стрелци во Лигата на шампионите. Со 45 гола, Лазаров има најдобар просек на постигнати голови по одиграни минути, а неговата екипа Барселона со просек од 33,83 гола по натпревар е најдобар офанзивен тим во натпреварувањето. Само Момир Илиќ од Веспрем е поефикасен по шест одиграни натпревари од леворакиот бомбардер на Барселона:

1. Момир Илиќ (Веспрем)          47

2. Кирил Лазаров (Барселона)   45

3. Драган Гајиќ (Монпеље)         41

4. Микел Хансен (ПСЖ)              40

5. Тимур Дибиров (Вардар)         39

Share