Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за официјалниот youtube канал на мундијалот изјави дека очекува најдобро организирано светско првенство до сега и ги повика љубителите на ракометот да дојдат во оваа земја и да уживаат во магијата на оваа игра. Претходно Лазаров учествуваше на светското првенство во Египет, во Хрватска каде беше најдобар стрелец и во Шпанија.
Тој е единствен македонски ракометар кој во јануари наредната година ќе учествува на четврто светско првенство, трето со капитенската трака на раката.