hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса и Лазаров го направија дербито, симултанка

lazarov so naturhouse

Натурхаус Ла Роха - Барселона 23:34 (10:19)

Дуелот на двете водечки екипи на табелата во ASOBAL лигата јавноста со нетрпение го очекуваше. Мечот го отвори Лазаров со убава асистенција за Сорондо и водство на каталонците уште по првиот напад. Добриот почеток на фаворитот го потврдија и Ентрериос и Лазаров, кој на брзина постигна 3 гола за 0:5 во 5 минута и тајм-аут на домашната клупа. Но и по минута одмор, машинеријата на Барса продолжи да го „меле„ противникот. Гонзало и одбраната беа фанстастични, а Раул Ентрериос погоди за високи 0:7 во 9 минута.

Дури потоа Виктор Виго и Хуанин Гарсија одговорија со два гола за половина минута (2:7). Домаќинот полека фати ритам и со нови два гола на Хуанин Гарсија намали на 4:9 во 14 минута. Лазаров со четвртиот гол го заокружи одличниот почеток на мечот за 4:10 на половина од првиот дел. Потоа и Раул Ентрериос погоди од својата половина за највисоки +7 за првакот. Лазаров лансираше контранапад за Сигурдсон и неговиот прв гол за веќе високи 4:12. Само за кратко по вториот домашен тајм-аут намали Хименез, но Лазаров со петтиот гол ги врати највисоките 8 разлика. Кога во 22 минута Сигурдсон го постигна својот трет гол, победникот во мечот при 6:15 беше решен. За кратко Тиагус Петрус со два гола се обиде да го разбие ритамот на лидерот, но прелесно Барса ја пробиваше одбраната на Натурхаус Ла Роха.

Покрај Лазаров и Раул Ентрериос со леснотија погодуваше, па по два негови гола веќе беше 8:17. Со одбранетиот пенал по ударот на Алберт Рокас, гостинскиот голман Гонзало стигна до 8 одбрана, а Лазаров и Раул Ентрериос заедно имаа 11 гола во мрежата на Гуриц Агинагалде по првиот дел. Сорондо погоди од линијата за шест метри за 10:19 и со тој резултат се отиде на одмор. Дефинитивниот удар за црвено-белите го донесоа првите минути во вториот дел кога со серија 3:0, Раул Ентрериос, Сигурдсон и Томас, зголемија на 10:22. Следеше реакција на домашната екипа и голови на Тиагус Петрус и Алварез за 13:23 во 36 минута. Лазаров погоди по шести пат во мечот за 24 гол на фаворитот. На секој обид Натурхаус Ла Роха да се доближи, одговараа свежите сили на Барса. Карабатиќ и Нодесбо погодија во серија за 17:27 во 43 минута.

Мечот влезе во вообичаена рутина, по која само прашање беше со каква разлика Барслелона ќе го добие дербито. Гонзало со уште поголема самодоверба ги прочита Рокас и Хименез и дојде до 13 одбрана во 46 минута. Сигурдсон и Томас со голови од крилна позиција ги одржаа најчестите +10 во 50 минута. Само што влезе во игра Дани Сармиенто погоди два пати низ транзиција за 20:31 во 53 минута. На крајот 23:34 и една од најлесните победи на Барселона по мечевите со префиксот дерби во последните сезони. Во победничката екипа Раул Ентрериос постигна 7 гола, исто како и Сигурдсон, Лазаров блескаше, посебно во првиот дел со 6 гола и 3 асистенции. Гонзало на голот на гостите собра 17 интервенции. Кај Натурхаус Ла Роха, Агинагалде имаше 12 интервенции, а Тиагус Петрус со 5 гола заслужува преодна оценка кај домашната екипа. Со оваа победа Барса е многу блиску до есенската титула во ASOBAL лигата и веројатно освоена без ниту еден пораз.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share