hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса со рекорд, откако дојде Лазаров 100% победи

 ATM8734.v1400754389

Барселона на нашиот Кирил Лазаров постави нов рекорд во ASOBAL лигата откако против Хуеска ја забележа 38 та победа во шпанската лига едноподруго. Претходниот рекорд го држеше исто така Барселона, но во генерацијата од 2009/10 до 2010/11. Последен пат каталонците загубија во последното коло од сезоната 2012/13, кога го „положија оружјето„ пред Натурхаус ла Роха во Логроњо.

Со оглед на тоа што тогаш македонскиот репрезентативец настапуваше за Атлетико Мадрид, од неговото доаѓање во Каталонија, Барселона нема ниту еден пораз, а нема ниту загубен бод во шампионатот. Овој рекорд веројатно ќе расте и може да достигне голема бројка, која ќе ги загрози и рекордите во другите национални шампионати.

Share