
По победата во првиот натпревар во Кавадарци против Тиквеш, пионерската екипа на Лазаров од Свети Николе одигра многу драматичен натпревар во второто коло и тоа на домашен терен против штипски Текстилец. Во меч со мал број на голови и многу пресврти, на крајот Текстилец издвојува победа во Свети Николе со 11:12.
Со една победа и еден пораз по две одиграни средби, екипата на Лазарови се наоѓа на средината од табелата во машката пионерска лига на Македонија.