hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса на врвот на светот, Лазаров и другарите го „скршија„ Ал Саад

10620670 748961578483182 2372262337762703031 n

Ал Саад - Барселона 26:34 (14:16)

Неполна недела по првиот нивни меч во рамките на Б групата, Барса и катарскиот Ал Саад се соочија во меч за светската титула во Доха. Рутенка во третата минута го отвори резултатот и доби силен удар во главата. Лесни голови брзо постигнаа и Сигурдсон и Гурбиндо за 0:3 во 4 минута. Амине Банур од седум метри погоди за прв гол за Ал Саад. Лесно катарската одбрана ја пробиваа Сармиенто и Гурбиндо и со по два гола зголемија за 3:6 во 8 минута. Но и бело-црните знаеа како до лесни голови и Албиши реализира контранапад за 5:6.

0 WN-al-sadd barcelona-01-photo-uros hocevar-ihf

Томас со два гола од позиција на десно крило по прекрасно изработени акции, ја врати дистанцата на +3. Одличното отворање на мечот, Гурбиндо го круниса со четвртиот гол по асистенција на Шариќ за 6:10 и тајм-аут на Рашид Бен Фреј. Во игра на слаби одбрани, на голот на Рутенка, одговори Ал Шамари, па трет свој гол реализираше Сармиенто за 8:12 во 19 минута. Белорусинот Рутенка ја користеше катастрофалната одбрана на Ал Саад и погоди за 9:13 во многу солидно издание на фаворитот во нападот. Но ниту Барса не беше најдобра во одбраната и Албиши и Салман погодија два пати во транзиција и Пасквал побара минута одмор при 13:15 во 25 минута. Банур погоди од седум метри на неколку секунди до крајот на првиот дел и на одмор Барса замина со 14:16. Вториот дел започна со гол на Банур и одбранет седмерец на Шариќ, кој спречи израмнување.

0 WN-al-sadd barcelona-05-photo-uros hocevar-ihf

Откако Шариќ одбрани уште два зицери за Ал Саад да израмни, во игра влезе Лазаров и погоди во првиот обид за 16:18. Јанко Кевиќ го надмудри голманот од БиХ од казнен удар за 18:19, но Барса имаше одговор на се. Раул Ентрериос и Сигурдсон погодија од полуконтранади за нешто покомотни 18:21 во 37 минута. Влегувањето на Лазаров и Карабатиќ како да значеше дека Барса „нагази„ брзина погоре. Нашиот капитен погоди по втор пат за 18:22 и поголема психолошка предност пред последната четвртина од мечот. Кога и Сорондо од контранапад ја погоди мрежата на Слаџи, стручниот штаб на Ал Саад побара тајм-аут при 18:23. Лазаров од седмерец го продолжи својот одличен влез во мечот и зголеми за 19:24. На голот на Кевиќ, брзо возврати Томас по додавање на Лазаров за најчестите пет гола предност (20:25). Отпорот на катарците полека беше „скршен„ и Нодесбо и Карабатиќ предноста ја зголемија на 7 гола.

0 WN-al-sadd barcelona-02-photo-uros hocevar-ihf

Капитенот Томас од нов контранапад, лансиран од Шариќ во 49 минута дефинитивно го решава победникот (20:29). Никола Карабатиќ со два гола во негов стил со многу техника и сила, предноста ја направи двоцифрена (21:31). Барса фунционираше како што знае и умее и од Шариќ, па до брзите крила, се одеше како „подмачкано„. Салман и Омахиќ за момент го направија поразот поприфатлив, а за Барса меѓу стрелците се запиша и Жалуз за 25:33 во 58 минута. Лазаров преку блокот го „матира„ Ал Абдула за 25:34. Подоцна за Ал Саад погоди Банур за конечни 26:34. Целата Барса посебно во вториот дел делуваше моќно, а во колективот кој во целост доминираше, Кирил Лазаров вгради 4 гола. Финалето одлично го водеа македонските судии Николов и Начевски, а Барса по втор пат во својата историја се искачи на врвот на светскиот клубски ракомет. Ова е трета последователна титула за Кирил Лазаров, кој така станува најуспешен ракометар на IHF Суперглоб турнирот. Со три трофеи во краток временски период, Барселона ја оствари првата цел и сега се насочува кон ASOBAL лигата и Лигата на шампионите.

Комплетнот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share