
Шпанското ракометно првенство има осигурана телевизиска покриеност, откако ASOBAL и шпанската дигитална телевизија Канал плус потпишаа продолжување на договорот за уште една сезона, па и во шампионатот 2014/15, мечевите од ова првенство ќе ги пренесува оваа телевизиска платформа.
Веќе 19 години Канал плус е подржувач на шпанскиот ракомет и со помош на каналот Спортманиа во секое коло одбира по еден натпревар и го прикажува на комплетната светска јавност. Исто така откупени се и правата за интернет емитувања, па на веб порталот www.Laola1.tv шпанскиот ракомет ќе биде вообичаен сопатник. Преносите на Канал плус се препознатливи и по изработката со голем број на камери и со беспрекорен квалитет.