hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров за IHF: „Турнирот е се посилен, ме интересира само титулата„

0 WN-barcelona tunis-lazarov kiril-03-photo-uros hocevar-ihf

Од 2010 година, петто издание по ред Кирил Лазаров е учесник на IHF Суперглоб турнирот и тоа во неколку различни дреса. Во интервјуто за официјалната веб страна на IHF, ракометниот „Метузалем„ како што го нарекуваат Лазаров, отворено говореше за можноста по трет пат да го освои мундијалот за клубови:

0 WN-barcelona tunis-lazarov kiril-02-photo-uros hocevar-ihf

„Мислам дека од година во година турнирот расте и неевропските екипи се повеќе напредуваат. Нема повеќе лесни победи и по мене турнирот има добар напредок. Јас сакам да постигнувам голови, но ова е тимска игра и наша единствена цел е освојување на трофејот. Титулата најдобар стрелец е убава, но ништо повеќе„ вели Лазаров. Тој се осврна и на настапот за катарскиот Ал Саад пред четири години: „Моето играње за Ал Саад пред неколку години беше ново искуство. Иако е поинаку, сепак за време на тренинзите и натпреварите работевме заедно во пријателска атмосфера.

0 WN-barcelona tunis-lazarov kiril-01-photo-uros hocevar-ihf1

Со задоволство се присеќам на тој турнир„ Европските екипи се повторно големи фаворити за меѓусебно финале, а за Барса тоа може да биде можност за реванш, десет недели по поразот во Келн „Што се однесува до можното финале со Фленсбург, на мечот од полуфиналето на Final four во Келн, 55 минути изгледаше се добро. Изгледаше како да сме освојувачи на Лигата на шампионите. Но видовте што се случи, не бевме среќни со исходот и Фленсбург стана шампион. Но ова е друг турнир и нашата цел е да го освоиме„ заклучи Лазаров, кој пишува историја на турнирот кој се смета на светско клубско првенство на победниците на континенталните натпреварувања во клубски ракомет„ заврши Лазаров.

Share