hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ал Џаиш противник на Барса во полуфиналето во четврток

el jaish

Барселона денес дозна дека ќе се соочи со катарскиот Ел Џаиш во борба за пласман во финалето на IHF Суперглоб во Доха. Ел Џаиш на Зоран Кастратовиќ заврши како второпласирана во групата А, откако во дербито загуби од Фленсбург со 29:24. На полувреме германците водеа со +3, но во почетните 12 минути од вториот дел, Ел Џаиш притисна и во еден момент успеа да израмни (19:19).

Сепак европскиот првак се врати во водство и не го испушти до крајот. Кој ќе биде противник на Фленсбург во второто полуфинале ќе покаже последниот дуел од фазата по групи, меѓу Ал Саад и Сиднеј, со екипата од Катар како апсолутен фаворит. Полуфиналните мечеви се играат во четврток, а големото финале в петок попладне.

Share