
Како и во претходните две изданија во кои Кирил Лазаров и неговите клубови учествуваа и оваа година сите 16 натпревари од групната фаза и од полуфиналето и финалето ќе можете директно и во живо да ги следите на официјалната веб страна на Кирил Лазаров.
Со оглед на малата временска разлика на Катар со централното европско време, сите мечеви ќе бидат во одлични термини и ракомет е предвиден скоро преку целиот ден. Во среда е единствениот слободен ден на IHF Суперглоб, а големото финале е наредниот петок на 12 септември 2014 година.