Светскиот првак веќе пристигна во Доха
Најуспешната екипа од минатато издание нa IHF Суперглоб, Барселона на Кирил Лазаров веќе пристигна во Доха, каде од недела почнуваат групните натпревари на неофицијалниот мундијал за клубови. Барса од недела до вторник ги игра мечевите од Б групата со Ал Саад, Сиднеј Универзити и Есперанца Тунис.
Вчера каталонците тренираа пред денешното деби, а само во среда е слободен ден на турнирот. Полуфиналните мечеви се в четврток, а големото финале во петок. Минатата година во финалето Барса го совлада Хамбург, а најсериозен кандидат оваа година им е германскиот претставник и европскиот првак Фленсбург, кој е во другата А група. Кирил Лазаров ја брка третата последователна титула, откако во 2012 година за прв пат го освои овој трофеј со Атлетико Мадрид, а минатата сезона беше најдобар со Барселона. Со оглед на тоа што ги освои домашните Суперкупови, екипата на Пасквал ја бара третата титула во новата сезона 2014/15.




