hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Арагон прв ривал на Барса во новата ASOBAL лига

barca foto f4

Познат е календарот за новата натпреварувачка сезона во шпанската ASOBAL лига. На почетокот на септември одбраната на титулата екипата на Барселона на Кирил Лазаров ќе ја почне против Арагон на новиот тренер Деметрио Лозано. Со оглед на тоа што Барселона на 7 септември, кога е предвиден терминот за овој меч ќе биде во Доха на IHF Суперглоб, најверојатно истиот ќе се одигра порано или подоцна.

Против директните конкуренти за титулата ако воопшто ги има и оваа сезона Барса ќе игра во ноември. Против Натурхаус ла Роха во 9 и против Грањолерс во 14 коло, каталонците ќе ги имаат главните предизвици оваа сезона. Барса и Грањолерс претходно ќе ја отворат сезоната со ASOBAL Суперкупот.

Share