
Ракометарот на Барселона и соиграч на Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ успешно е опериран во Каталонија по повредата на десниот лакт. Тој веќе го започна процесот на рекуперација и ќе паузира еден месец. Карабатиќ зад себе остави одлична сезона, исполнета со пет трофеи со Барселона.
Со оглед на тоа што подготовките на ASOBAL шампионатот започнуваат на 4 август, французинот ќе пропушти само една недела и на време ќе стигне за ASOBAL Суперкупот и IHF Суперглоуб.