Новото засилување на Барселона, исландското крило Гудјон Валур Сигурдсон е автор на најубавиот и најспектакуларниот гол на штотуку завршениот шампионат на Германија. Имено асот кој во новата сезона ќе биде соиграч на нашиот Кирил Лазаров во декември 2013 година против Лемго постигна ретко виден гол, кој сеуште се прераскажува.
По заминувањата на Хуанин Гарсија и Мартин Страновски, Сигурдсон ќе биде првиот избор на Хавиер Пасквал и вакви мајстории ќе имаат можност да гледаат љубителите на ракометот во „Палау Блауграна„ и ширум континентот.