Втор роденден на официјалната веб страна на Лазаров

На 7 јули во 2012 година официјално во етер зачекори официјалната веб страна на најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, Кирил Лазаров. Во овие две години овој медиумски простор стана редовен сервис за настапите на нашиот капитен, за неговите клубски и репрезентативни активности, за неговата приватност и слично.
Посебно голем интерес кај читателите и гледачите побудува реализацијата на големите настани кои Лазаров ги игра со неговиот клуб или репрезентација. Исто така од неодамна на официјалната страна на Кирил Лазаров можете да пронајдете било какви вести од ракометните меридијани, резултати во живо од сите ракометни средби и слично. Одличен оддек имаат и англиската и шпанската верзија на официјалната страна, мобилната апликација, како и профилите на Лазаров низ социјалните мрежи. За во иднина подготвуваме уште повеќе изненадување.
Од тимот на администратори на официјалната веб страна на Кирил Лазаров




