
По Хуанин Гарсија, Барселона во новата сезона 2014/15 ќе тргне и без второто лево крило. Словакот Мартин Страновски, иако неговиот договор важеше до јуни 2015 година, спогодбено го раскина со Барселона. Во клубот дојде Гудјор Валур Сигурдсон, а каталонскиот гигант верува и во Аитор Арињо.
Страновски во Барса дојде од Адемар Леон во 2013 година, но во Барселона не играше на висината на неговите настапи во Леон.