Барса ги „пали моторите„ на 4 август

По успешната сезона со пет освоени трофеи, ракометарите на Барселона по репрезентативните обврски се веќе на заслужен одмор. Нивниот клуб ги дефинира подготовките за сезоната 2014/15, во која Барселона пак ќе се бори за седум можни титули. Лазаров и соиграчите ќе се соберат во Каталонија на 4 август. Како и минатата сезона ќе минат 4-5 дена во планинскиот преден на својот град, а потоа предвидени се неколку пријателски и турнирски средби за екипата подготвена да ги пречека првиот предизвици.
На 19 август во Германија против Минден, момците на Пасквал ќе го одиграат првиот контролен меч. На 21 и 22 август ќе учествуваат на Истанбул купот во Турција, заедно со Бешикташ, АЕК од Грција и Ал Џаиш од Катар. Како и минатата сезона против францускиот Тулуз, ракометарите на Барселона ќе го имаат последниот тест пред обидот да се одбранат двете титули од ланската сезона. Најнапред на 31 август против Грањолерс, Лазаров и другите звезди на Барса ќе играат за ASOBAL Суперкуп титулата, а од 7 до 14 септември во Доха следува обидот пак да се освои мундијалот за клубови, каде покрај Фленсбург, екипата на Пасквал ќе ја брани честа на Европа.




