hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: “Доста ни е континуитети, ни треба нешто големо„

makedonija-grcija-13-624x381

По завршувањето на баражот против Грција, но и на напорната сезона, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров пред медиумите јасно порача дека време е да се направи нешто големо, а не наш лимит да биде само учеството и продолжувањето на континуитетот:

"На овој натпревар покрај добрата игра бевме и малку атрактивни, за да се оддолжиме кон верната фаланга на. Голема работа е да се игра на светско првенство, но треба уште сега да поставиме повисоки цели. Не треба да се бега од одговорноста, затоа што само со високи цели и правилно размислување можеме да дојдеме до посакуваните цели. Секако ќе ни треба и среќа. Доста ни е од континуитети, почнавме да ги повторуваме, мислам дека и ги надминавме, треба нешто поголемо, не дека и претходно не атакувавме на такво нешто, но сега мислам дека е моментот.

Најголем успех засега ни е петтото место на ЕП во Србија, од тогаш имаме средно забележителни резултати. Некогаш треба да ти се поклопат коцките, треба поствесно да се размислува, без срам, јавно да се каже. Една таква шанса испуштивме, бевме многу блиску а далеку, веќе го имаме тоа искуство, јас се надевам иако е рано, дека добро ќе се подготвиме за тоа СП, ќе го дадеме нашиот максимум, да се поклопат некои работ како што реков, нема бегање, сега или никогаш, Катар е пред нас. Во прилог ни оди и тоа што репрезентации кои не беа фаворите изненадија и се пласираа на мундијалот, репрезентации со кои сигурно можеме. Сепак, сега треба да се спушти топката, да одмориме зошто имавме тешка сезона, како на клупски така и на репрезентативен план" изјави најдобриот стрелец и против Грција, Кирил Лазаров.

Share