hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Како изгледа деталната статистика на Лазаров за целата сезона

lazarov---makedonija-srbija

Со натпреварот против Грција, заврши сезоната 2013/14 за нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров. Со пет освоени трофеи во дресот на новиот клуб Барселона и успеси со македонската репрезентација, во која беше наш најдобар играч и стрелец на европското првенство во Данска и пласманот на мундијалот во Катар, Лазаров имаше една од своите најуспешни сезони. За разлика од сезоната 2012/13 кога во дресот на Атлетико Мадрид и Македонија, Лазаров одигра повеќе натпревари, но помалку минути и постигна многу поголем број на голови од минатата сезона.

Барселона - 59 меча - 279 гола

ASOBAL лига - 30 меча - 131 гол
Лига на шампиони - 16 меча - 80 гола
АSOBAL Куп - 2 меча - 8 гола
Куп на шпанскиот Крал - 5 меча - 30 гола
ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 7 гола
IHF Суперглоб - 5 меча - 23 гола

Македонија - 14 меча - 101 гол

Квалификации за европско првенство - Данска 2014 - 3 меча - 15 гола
Европско првенство - Данска 2014 - 5 меча - 38 гола
Плеј-оф за светско првенство - Катар 2015 - 2 меча - 17 гола
Пријателски натпревари 4 - меча - 31 гола

ВКУПНО: 73 меча - 389 гола –просек 5,32 гола по натпревар

Share