
Очекуваната замена на голот на Барселона веќе е официјална. Клубот го раскина договорот на шпанскиот репрезентативец Арпад Штербик по двегодишна соработка. Негова замена ќе биде голманот на Тулуз, младиот Гонзало Перез Де Варгас, кој за каталонците ќе настапува до сезоната 2016/17.
Гонзало Перез Де Варгас повторно ќе застане на голот на Барселона ,откако претходно ги бранеше боите на Гранолерс (2011-2013) и Тулуз (2013/14). Младиот голман пристигна во Барселона во сезоната 2007/08, за својот прв официјален натпревар да го има во сезоната 2009/10.