hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Андерсон: „Ова ми е најдрагиот трофеј„

flensburg1863 v-contentgross

Искусниот шведски голман Матијас Андерсон зад себе остава една од најпозитивните сезони во кариерата. Имено и во Бундеслигата беше најдобар голман и собра многу признанија, а неговите перформанси во Келн беа дури и ниво погоре од претходното. Со вредниот пехар од кого не се одделуваше, Андерсон говореше за медиумите во прегратката на неговиот син, кој прв дотрча да му честита во хотелот во Келн по долгото славје на новиот европски првак:

„Многу ми е драго, ова ми е најдраг трофеј. Покажавме неверојатно заедништво и карактер. Без тој наш карактер немаше да издржиме до крај и да ја освоиме Лигата на шампионите. Не е лесно да се победат и Барселона и Кил во два дена. Нашето второ полувреме во финалето беше одиграно без грешка. Затоа сум среќен, бидејќи оваа група на ракометари заслужи ваква сатисфакција„ потврди ветеранот Андерсон кој во кариерата секогаш се враќаше по тешките повреди и ја потврдуваше својата класа. Во финалето на шведските голмани, Матијан Андерсон беше подобар од помладите репрезентативни колеги, Сјостранд и Паличка.

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share