hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: „Имавме среќа, но таа треба да се заслужи„

SDC19179

Човекот кој е во центарот на вниманието по викендот на ракометните гиганти во Келн е некогашниот шведски репрезентативец Љубомир Врањеш, кој на Фленсбург му ја подари првата европска титула. Пресреќен беше по победата над Кил и вториот за него трофеј оваа сезона по освојувањето на и на германскиот Куп

„Почнавме многу лошо во финалето. Како игравме на почетокот помислив и добро е да не примиме уште повеќе голови и да не ни побегне противникот до полувреме. Полека се стабилизиравме и моите момци одиграа перфектно второ полувреме. Горд сум на нив. Мора да се признае дека имавме и многу среќа, но таа среќа не доаѓа сама. Таа среќа треба да се заслужи. Ние со пристапот и срцето ја заслуживме и еве до каде стигнавме„ рече Врањеш кој ги отфрли барем за овие денови шпекулациите кои го поврзуваат со ПСЖ:

„Јас имам договор со Фленсбург до 2017 година и денес не размислувам за ништо друго. Денес сакам да испијам едно големо пиво со моите ракометари„ рече некогашниот плејкејкер на репрезентацијата на Шведска, а по првите чекори во тренерската кариера, веројатно пред него се успешни и светли години во овој спорт.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share