
24 годишниот ракометен ас од Хафнафјордур, Арон Палмарсон е првиот добитник на наградата за МВП, која од оваа сезона почна да ја доделува ЕХФ. Плејмејкерот на Кил израсна во лидер на оваа екипа и по повредата на Филип Јиха ги превзеде работите во свои раце. Сепак тоа не беше доволно да се освои европската круна покрај супермотивираниот Фленсбург.
Тој беше автор на 12 гола на завршниот викенд, а пет гола даде и во финалето. Иако обичај е да се избира најдобриот од победничката екипа, сепак гласањето за целиот викенд одлучи Палмарсон да добие повеќе гласови од Андерсон и Егерт од Фленсбург и тој е првиот носител на МВП наградата на ЕХФ на Final four во Келн