hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Иако не е МВП, Андерсон е човекот на одлука

anderson najdobar

36 годишниот голман на шведската репрезентација, Матијас Андерсон е најзаслужен за трофејот од Final four во Келн, иако не беше награден од организаторот со МВП наградата. Тој беше главен архитект на победата во финалето против Кил и со 19 одбрани широко ја отвори вратата за првата европска круна на неговиот Фленсбург.

Андерсон е роден во Малме, настапуваше за Истад и Дрот во татковината, за Барселона во Шпанија и за Кил, Гросвалштад и Фленсбург во Германија. За репрзентацијата на Шведска дебитираше во 1998 година против Египет и собра преку 110 настапи до ден денес. Со оглед на тоа што со Кил беше европски првак во 2007 година, а со Барса го освои ЕХФ Купот во 2002 и 2004 година, па со Фленсбург Купот на Куповите во 2012 година, овој трофеј ја комплетира неговата колекција. Андерсон пет пати ја освојуваше Бундеслигата и два пати го подигаше трофејот од националниот Куп.

Share