
Во очекување на финалето помеѓу Кил и Фленсбург познат е расплетот на врвот на листата на стрелците. Српскиот интернационалец кој ја минува првата сезона во Веспрем, каде дојде до Кил, е прв стрелец на целото издание на Лигата на шампионите со 103 гола.
Веднаш зад него се Ренато Вугринец со 95 и Марко Вујин со 80 (натпревар помалку). Кирил Лазаров постигна 9 гола на двата натпревари во Келн и со 80 постигнати гола, оваа сезона на Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на листата на стрелците. Минатата година Лазаров беше на 13 место на листата на најдобрите голгетери со 69 постигнати гола, но тогаш со Атлетико Мадрид одигра два меча помалку.