Најнеефикасното финале со 24, а најефикасното со 70 гола

Најнеефикасното финале во историјата на Купот или Лигата на шампионите го одигра Гепингем и Партизан Бјеловар во 1961 година, кога германците славеа со 13:11. Со истиот резултат во 1968 година, Стеауа ја освои европската титула со триумфот над Дукла. Од сезоната 1978/79 за прв започнаа да се играат два меча во финалните натпревари. Гросвалштат го доби Росток во првото финале, чии што натпревари се играа на теренот на едниот и другиот финалист. Првата пенал серија во историјата на Купот на шампионите ја одиграа Дукла и Металопластика во 1984 година. Домашната екипа славеше со 21:17 на двата натпревари, а по изведување на седмерци се радуваа чехословаците со 4:2. Откако се игра еден натпревар во Келн, најефикасниот натпревар го одиграа Кил и Барселона во 2010 година со 70 гола (36:34 за Кил). Наредниот Final four пак ќе биде во „Ланксес арената„ на 30 и 31 мај 2015 година. Билетите за нареднито спектакл ќе почнат да се продаваат од утре од 2 јуни.




