ВИДЕО: Сигурдсон: „Во финалето нема фаворит„

Ветеранот во редовите на Кил, исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон не скокаше од радост и покрај победата над Веспрем, бидејќи неговата екипа е само на половина пат. Кил треба да го совлада Фленсбург за да ја направи оваа сезона перфектна, иако пред само неколку недели не изгледаше така:
„Видовте што се случи на мечот Барселона - Фленсбург. Не го гледав со големо внимание мечот и не можам некого да обвинувам или величам. Но знам дека фаворит во финале нема да има. Фленсбург добро не познава, осоколени се, тоа сигурно ќе биде тежок натпревар. Ние покажавме квалитет, карактер, но никако не смееме да помислиме дека се е завршено„ претплазлив е Сигурдсон, кој на завршниот турнир во Келн настапуваше со Копенхаген и Кил и на прагот е да го оствари најголемиот успех во клубската кариера. Во полуфиналето двата исландски асови Арон Палмарсон и Гудјон Валур Сигурдсон со вкупно 13 гола беа главни архитекти на уште една победа на Кил против Веспрем, како и минатогодишната во четвртфиналето на Лигата на шампионите.




