ВИДЕО: Аџиќ: „Барселона мислеше дека е во финале„

Селекторот на женската репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ имаше своја анализа за полуфиналните мечеви од Final four во Келн. Дури и имаше свој фаворит за финалето, иако е неблагодарно да се прогнозира по овој развој на настаните во второто полуфинале:
„Мислам дека Барселона премногу размислуваше за финалето . Однапред се видоа во финалето. Тоа е спорт. Ете и на искусна екипа како Барселона може тоа да и се случи. Мислам дека победата на Кил беше до некаде рутинска. Што се однесува до финалето сметам дека Кил е поодморен, а и поквалитетен. Фленсбург доста се потроши и не верувам дека може да направи уште еден подвиг„ заврши човекот кој стана и клубски и репрезентативен првак на Европа со Будучност и црногорска репрезентација. Аџиќ е еден од многуте ракометни личности, кои го следат од лице место Final four во Келн.




