hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Пасквал: „Јас сум виновен за поразот, оставете ги ракометарите„

xavi pascual keln

Скоро 40 минути траеше пресконфернцијата по второто полуфинале, а најчесто новинарите одговорите ги бараа кај тренерот на Барселона Пасквал, кој не бегаше од одговорноста:

„Игравме со многу осцилации посебно во првото полувреме. На почетокот на вториот дел, Шариќ не врати во игра. Имавме многу шанси да го добиеме натпреварот, но не ги искористивме. Оставете ги ракометарите, јас сум виновникот за поразот„ беше јасен во долгата прес-конференција тренерот на Барселона.

Неговиот соперник ликуваше и го величаше карактерот на неговите момци:

„Ние во ниту еден момент не се откажавме, ниту по големата негатива. Барав само ракометарите да ја играат нашата игра и да трчаат назад. Ова е голема сатисфакција за мене како млад тренер, за целиот клуб и за нашиот спонзор„ истакна младиот шведски стручњак, кој краток период беше и селектор на Србија, Љубомир Врањеш. Утре како и во Бундеслигата наспротив себе ќе го има Гисласон. За европската круна ќе играат првакот и Куп победникот во најсилната лига, Бундеслигата.

Share